Еурофарм Пелистер – Вардар во финалето на Македонскиот ракометен куп
Битолски Еурофарм Пелистер славеше вечерва убедлива победа над екипата на Бутел од 38:23 (16:9) и в сабота ќе игра против големиот ривал Вардар 1961 во финалето на овогодишното издание на Македонскиот куп во ракомет.
Ракометарите на Бутел одржуваа резултатска неизвесност против фаворитот само во воведните 15-ина минути, кога Еурофарм Пелистер при резултат 7:7 влезе во серија од 9:2 и веќе на полувреме ги реши сите дилеми околу вториот патник во куп финалето.
Македонскиот репрезентативец Бојан Маџоски со седум и хрватскиот интернационалец Стипе Мандалиниќ со шест голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер.
Претходно денеска, Вардар во првото полуфинале беше убедлив против бранителот на куп трофејот Металург (27:22), предводен од хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ со седум голови и Борко Ристовски со 13 одбрани.
Финалето од Македонскиот ракометен куп ќе се игра в сабота во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 17:30 часот.
Ново на Сител
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница