„Еуросиг“ нов сопственике на „Инсиг“

Албанската осигурителна компанија „Еуросиг“ и официјално стана нов соптевник на осигурителна компанија „Инсиг“, откупувајќи го целиот пакет акции за 2,2 милијарди леки (16 милион евра).
„Инсиг“, основана во 1991 година, имаше монопол на албанскиот осигурителен пазар до 2000-та година, кога оваа индустрија во Албанија беше либерализирана.
Од тогаш, албанската Влада во четири наврати се обидуваше да ја продаде компанијата и најблизу беше во 2009 кога „Американ Резрев Лајф Иншуранс“ се повлече од договорената зделка да купи 62 отсто од друштвото за 25 милиони евра.
Раководството на компанијата „Еуросиг“ во соопштение,по заокружувањето на приватизацијата, наведува дека со претопувањето на двете компании во една, услугите ќе бидат попрофесионални и на ниво на европските стандарди.
Купувањето на акциите на „Инсиг“ се оценува како „постигнување остварено по неколкугодишна ангажираност со пожртвуваност и посветеност кон граѓаните“.
Претседателот на компанијата „Еуросиг“ ,Кадри Морина, најави дека за сите актуелни клиенти на „Инсиг“ услугите ќе бидат сигурни и квалитетни.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
