Eвакуација на цивилите од областа Херсон
Украинските власти наредија задолжителна евакуација на цивилите во јужниот регион Херсон, чиј дел е контролиран од руските сили и редовно е цел на напади.
– Советот за одбрана во регионот Херсон донесе одлука за задолжителна евакуација на семејствата со деца од населените места под постојан непријателски оган, соопшти на Телеграм Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација.
Во областа Херсон, руските војници ги контролираат областите јужно од реката Дњепар, откако минатата година се повлекоа од регионалниот главен град, градот Херсон, кој постојано е гранатиран.
Во август, украинските власти веќе препорачаа евакуација на цивили од околу десет градови во регионот Харков во североисточна Украина поради офанзивата на руските сили во областа. Меѓутоа, тогаш евакуацијата не беше задолжителна.
Прокудин, исто така, рече дека регионалните власти се подготвуваат за „вонредни ситуации“ во снабдувањето со електрична енергија оваа есен и зима.
Во зимата 2022 година, Русија спроведе масовна кампања за бомбардирање на украинската инфраструктура, предизвикувајќи редовни прекини во снабдувањето со струја.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами