Џет-Сет
15. September 2016 - 14:52

Еве што прави поранешната девојката на Тоше

 
Андријана Будимир, поранешната девојка на нашиот Тоше Проески, денеска е среќно омажена и го има синот Максим. 
 
Будимир се занимава со ракомет и има свое училиште, а пред три години се омажи за угостителот Јохан и по шест месеци го роди синот кој сега има две години, пренесува Курир. 
 
И по толку години, Андријана се уште се споменува во јавноста како поранешна девојка на Тоше Проески, бракот со нејзинот сопруг е складен, а таа одбегнува да се појавува во медиумите и да зборува за поранешната љубов. 
 
- Многу сум среќна и сега предвидувам дека Максим ќе стане ракометар и репрезентативец на нашата држава, изјавила во една прилика, не посмнувајќи го Тоше, кој и ги посвети најемотивните стихови на еден од најпознатите хитови „ Боже, брани ја од зло“.