-->
-->
Евертон купен за 200 милиони!
-->

Американски конзорциум за сума од 200 милиони фунти ќе го купи англискиот Премиерлиаш Евертон, пренесува BBC.
Групата која ја предводат Џон Џеј Мур, поранешен сопственик на бејзбол тимот Сан Диего и Чарлс Ноел, на добар пат се успешно да ги завршат неколкумесечните преговори со првиот човек на Евертон, Бил Кенрајт.
Мур и Ноел, првично покажувале интерес за Свонси, но на крајот сепак се решиле за клубот од Ливерпул.
Кенрајт се наоѓа на чело на клубот од 1999 година, кога стана сопственик за ’само’ 20 милиони фунти. Тој изјавил дека е подготвен да го препушти тимот на луѓе кои ќе инвестираат во него, особено со реконструкцијата на стадионот „Гудисон парк“.
Фудбалерите на Евертон, по 25 одиграни натпревари во Премиерлигата, се наоѓаат на осмото место на табелата со 35 освоени бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
