Евролига: Фенербахче и Жалгирис изборија фајнал-фор
Фенербахче ќе ја брани европската титула на Фајнал фор турнирот во Белград, откако со 3:1 ја елиминираа Басконија, победувајќи на гости со 92:83 во последниот меч од серијата.
Ова ќе биде четврти настап во низа за турскиот клуб на Фајнал фор турнирот во петтата сезона под водство на Жељко Обрадовиќ, тренер кој досега има 9 титули во Евролигата.
Фенербахче го контролираше мечот од втората четвртина за да има предност и од дури 21 поен, пред Басконија да направи низа од 14:1 и да внесе малку неизвесност. Фенер се одбрани од овој напад за на крајот да слави со 11 поени разлика.
Србинот Марко Гудуриќ имаше 22 поени и 3 асистенции, неговиот сонародник, Никола Калиниќ додаде 13 поени, а Николо Мели имаше 21 поен. Кај домаќините Винсент Порие имаше 14 поени, а Бубоа заврши со 13.
За ново финаче, Фенер ќе се бори со литванскиот Жалгирис, кој со 3:1 го елиминираше Олимпијакос.
Ново на Сител
-
Девојчето од Куманово по кое се трагаше вчера наместо во градски, влегло во автобус за Скопје
-
Ајнтрахт е подготвен да го пушти Екитике за 100 милиони евра
-
Политико: Градот Брисел во криза, губи четири милиони евра дневно поради насилство и политички хаос
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица: Политички паразити
-
Судија ја суспендира одлуката на Трамп за укинување на правниот статус за 532.000 имигранти
-
Детектирана ХББ кај 28,5 отсто од 1.031 испитаник во државава
-
Маркетите од петок ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има