-->
-->
Евролига: Звезда подобра од европскиот шампион
-->
Европскиот првак Реал Мадрид во седмото коло, во кошаркарската Евролига, го забележа петтиот пораз и во последните три кола ќе има тешка задача да избори пласман во Топ 16 фазата. Во петокот, во Белград, Црвена ѕвезда славеше над Реал со 94:88.
Регионалниот првак против Реал го одигра најдобриот меч во досегашниот дел од сезоната и на крајот запиша заслужена победа. Црвена ѕвезда на моменти во првото полувреме имаше предност и од 12 поени, но Реал успеа да се врати во третата четвртина кога стигна до предност од 10 кошеви. Американецот Квинси Милер во финишот на овој период одигра вистинска симултанка и со 11 поени во низа ја намали предноста на Реал на само еден поен.
Во последната четвртина блескаше центарот Цирбес, кој во овој период постигна 15 од своите 26 поени, вклучувајќи ги и четирите слобидни фрлања во последните 15 секунди кога го реши победникот.
Цирбес со 26 и Милерс со 24 поени (5/7 за три) ја предводеа Црвена ѕвезда до третата победа во А групата. Кај Реал се истакнаа Ајон и Серхио Родригез со по 16 поени.
Локомоив Кубан, во Ц групата го декласираше Жалгирис со 80:50 и на три кола до крајот на оваа фаза го обезбеди пласманот меѓу најдобрите 16, каде од четвртокот веќе се Фенербахче и Уникаха.
Воронов со 14 и Рендолф со 11 поени ја предводеа екипата на Локомотив, а кај Жалгирис најпрецизен беше Вујукас со 15 поени.
Грчки Панатинаикос забележа значајна победа во Измир, над Каршијака 69:66. Тројката на Калатес во финишот го реши победникот во Измир. Фелдин со 17 поени беше најефикасниот играч на Панатинаикос.
ЦСКА потешко од од очекувањата го совлада Динамо Сасари со 93:87. Теодосиќ со 21 и Де Коло со 17 поени го предводеа рускиот шампион до триумфот. Кај гостите од Сардинија, кои сеуште немаат евролигашка победа, Логан постигна 21, а Ејенга 19 поени.
Група А:
Црвена ѕвезда-Реал Мадрид 94:88 (28:18, 18:25, 20:24, 28:21)
Група Ц:
Локомотив Кубан-Жалгирис 80:50 (28:14, 23:3, 12:10, 15:23)
Каршијака-Панатинаикос 66:69 (9:21, 14:15, 18:14, 25:19)
Група Д:
ЦСКА Москва-Динамо Сасари 93:87 (25:26, 25:19, 20:13, 23:29)
Дарушафака-Бамберг 54:65 (17:17, 12:15, 12:18, 13:15).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден