-->
-->
Европа во тотален хаос - Половина метар снег во Чешка, Австрија затрупана од снежни наноси
-->
Силните снежни бури и налети на ветер предизвикаа хаос ширум централна и источна Европа.
Дошло до прекин на сообраќајот и се забележани случаи на урнати далеководи во неколку региони во Чешка, Австрија и Полска. Во цела Чешка висината на снежната покривка изнесува половина метар, а снегот и понатаму паѓа. На сила е портокалов метеоаларм, а се очекуваат наноси на снег.
На северот во Унгарија пак на сила е жолт метеоаларм, а реката Тиса е целосно под лед. Во Полска, жестоките ветрови оставија 16 000 домаќинства без електрична енергија. Метеоролозите очекуваат дека ќе падне уште најмалку половина метар снег, посебно во планинските подрачја, и дека студениот воздух од Арктикот ќе ги спушти температурите и до -17 степени Целзиусови. Се очекува ваквите временски прилики да траат до викендов.
Снегот ја затрупа и Австрија. Исчезнале двајца скијачи од Слацбург. На северот од Шведска во воз останале заробени околу 100 патници, а мештаните за да не премрзнат ги префрлиле во блиската црква. Скандинавија забележала многу високи бранови и рекордна висина на плимата. Температурите во некои делови на Скандинавија биле и до минус 40 степени Целзиусови.
Метеоролозите велат дека бурата сега се движи преку Балтикот кон Белорусија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија