Европратеникот Илхан Ќучук го посети ОУ „Исмаил Ќемали” во Чаир
Во придружба на првиот вицепремиер Артан Груби, денеска европратеникот Илхан Ќучук, го посети ОУ „Исмаил Ќемали”, во Чаир, чии пет ученици загинаа во големата собраќајна трагедија во Бугарија. Посетата на Ќучук, на ова основно општинско училиште, како што изјави Груби, е реализирано по желба на самиот европратеник, со единствена цел да
искаже почит кон жртвите од трагичниот настан во Бугарија каде што загинаа 45 наши сограѓани.
– Заедно одлучивме да го посетиме Основното училиште „Исмаил Ќемали“, заедно со градоначалникот на Општина Чаир и министерот за економија Крешник Бектеши да ја посетиме директорката и наставниот кадар тука, да искажеме почит за петте загинати ученици од ова училиште и на тој начин да искажеме исто така и почит кон сите жртви. Истовремено би сакал да искажам огромна благодарност од сите нас, не само во името на сите тука што се позади нас, туку и на целата наша држава, на сите наши граѓани кон соседна, пријателска, братска Бугарија за професионалноста, за ангажираноста во расветлувањето на овој трагичен начин за нас, и на медицинските лица и на службените полициски лица и на обвинителството, и на институциите на Бугарија за огромна професионалност што ја искажаа во менаџирање на оваа состојба, изјави Груби.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ