Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје

Ова не е само проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас. И токму затоа верувам дека „Скопје 2028“ може да биде нешто навистина посебно - порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во главниот град во рамките на „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“.
Министерот ја нагласи целосната поддршка од Владата, која се изразува преку институционални, финансиски и политички механизми.
-„Скопје 2028“ ја има нашата целосна и безрезервна поддршка. Поддршка што не е декларативна, туку институционална, финансиска и политичка. Поддршка што ќе обезбеди континуитет, координација и стабилност - три услови, без кои ниеден ваков проект не може да успее - истакна Љутков додавајќи дека за реализација се обезбедени 20 милиони евра.
Тој ја опиша титулата европска престолнина на културата како можност за ново гледање на градот и неговата историја.
-Кога зборуваме за европската престолнина на културата, не зборуваме само за титула. Зборуваме за приказни, за луѓе, за градови што се менуваат и се отвораат. Зборуваме за можност еден град да се види себеси на нов начин - и светот да го види него со нови очи - рече Љутков.
Тој најави ревитализација на скопското Кале, конзервација на акведуктот, реконструкција на Универзалната сала и отворање нови културни простори достапни за граѓаните. Истакна дека процесот е долгорочен и ќе остави трајна трага:
-Ова што го градиме не е само за 2028 година. Ова е процес што веќе почна - и треба да остави трага што ќе се чувствува долго време потоа - посочи Љутков.
Според него, проектот е можност за поврзување со Европа, уметниците и младите, но пред сè е проект на луѓето.
-Скопје 2028 е можност да покажеме кои сме — не само пред другите, туку и пред самите себеси. Можност да покажеме дека знаеме да работиме заедно, дека знаеме да создадеме и дека знаеме да веруваме во нешто што е поголемо од нас.
Затоа што, на крајот, ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас. И токму затоа верувам дека Скопје 2028 може да биде нешто навистина посебно - нагласи министерот.
Настанот се одржува во Скопје, со присуство на претставници од Владата, локалната самоуправа и културните институции.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
