Европскиот парламент даде зелено светло за новите европски гранични сили
Европскиот паралмент на пленарната сесија во Стразбур даде зелено светло за создавањето на европски сили за заштита на надворешните граници на ЕУ, со што се создава можност набрзо да се испратат до 1500 граничари од различни земји-членки, во земја која се соочува со исклучителен прилив на мигранти на нејзините граници, пренесува дописникот на МИА.
Предизвикот на овој нов „инструмент“, создаден на темелите на европската агенција Фронтекс е да го спречи хаосот на надворешната граница, со кој Европската Унија се соочи во Грција, и кога Македонија со помош на некои од земјите членки на Европската Унија успеа да го запре неконтролираниот тек на мигранти и бегалци, Имено во ЕУ се стравува дека ваков бран може повторно да се случи и тој би можел да го доведе во прашање слободното движење во Шенген зоната.
Новата европска гранична служба, која беше одобрена на пленарната седница во Стразбур од страна на Европскиот парламент (со 483 гласови за, 181 против, 48 воздржани), беше по забрзана постапка, по предлогот поднесен во декември минатата година од Европската комисија, со силна поддршка од Париз.
„Законот треба да стапи во сила оваа есен", изјавија службите на Европскиот парламент, чии преговарачите постигнале договор со оние на Советот на ЕУ (кој ги претставува земјите-членки) во последните неколку дена.
Европските земји мораа да ја надминат неподготвеноста на некои земји кои сака да го зачуваат својот суверенитет. Тие беа загрижени поради „правото на интервенција" на европските граничари, кои Комисијата сака да ги наметне на една земја членка, па дури и кога таа не бара помош.
Во усвоениот текст, не е Комисијата, туку Советот на ЕУ, односно со тоа на земјите-членки се тие кои ќе одлучат за интервенција во земја која не бара помош, со квалификувано мнозинство. Доколку засегнатата земја одбива, други земји би можеле привремено и повторно да ги вратат внатрешните граници во Шенген зоната.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид