Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска

Европскиот парламент го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата одлука да именува армиска единица по партизанска група од 1940-тите години која извршила масакр врз Полјаци.
Во резолуцијата усвоена денеска, пратениците во ЕУ наведоа дека потегот на Зеленски покажал „непочитување кон полските чувства и тага“ и ги поткопал „соседските односи“. Текстот беше усвоен со 460 гласа „за“, 136 „против“ и 59 „воздржани“, пренесе ДПА.
Зеленски го предизвика историскиот спор на крајот на мај, кога на една армиска единица ѝ ја додели почесната титула „Херои на УПА“. Титулата е референца за борците на Украинската востаничка армија (УПА), кои Киев ги чествува поради нивниот отпор против советското владеење по Втората светска војна. Меѓутоа, за време на војната, УПА била одговорна за масакри врз десетици илјади Полјаци и Евреи во она што денес е западна Украина.
Полскиот претседател Карол Навроцки подоцна го ескалираше конфликтот со тоа што му го одзеде на Зеленски највисокото полско државно одликување.
Европскиот парламент соопшти дека одлуката на украинскиот претседател за доделување на титулата не е во согласност со европските вредности. Пратениците на ЕУ повикаа на деескалација и „обновени напори во добра волја насочени кон помирување“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
