Европскиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитетот на Жан Мари Ле Пен

Eвропскиот парламент денеска му го одзеде пратеничкиот имунитет на Жан-Мари Ле Пен, по барање на француските судски власти, кои сакаат да го гонат за поттикнување на расна омраза по неговите коментари во врска со неколку уметници, вклучувајќи го и актерот и пејач и Патрик Бруел.
Европратениците оценија дека фактите за кои се гони Жан Мари Ле Пен немале врска со парламентарна активност на основачот и поранешен претседател на Националниот фронт, ниту пак беа дел од намерата да се спречи да седи во ЕП, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Имено, во видео објавено во јуни 2014 година на веб страницата на екстремно десничарска партија – Национален Фронт, Жан-Мари Ле Пен ги нападна уметници кои ја напаѓаа неговата партија, особено Патрик Бруел, Мадона и Јаник Ноа, велејќи: "Ние ќе направиме нова тура во фурната следниот па ". Зборови кои се повразни со Патрик Бруел, кој е Евреин, што предизвика бран на индигнација меѓу политичарите и доведе неговата ќерка Марин Ле Пен, која е претседател на Националниот фронт, да се дистанцира од нејзиниот татко.
Ова е четврти пат како му се одзема пратеничкиот имунитетот на Жан-Мари Ле Пен, (88 години) од страна на Европскиот парламент, каде што заседава како европратеник речиси во континуитет од 1984 година.
Првиот пат беше на барање на Франција во декември 1989 година поради тоа што го нарече Мишел Дирафур, тогашниот министер за труд, „Дирафур крематориум", а во март 1990 година за коментари на „еврејската интернационалана".
Жан-Мари Ле Пен, исто така, го загуби имунитетот во октомври 1998 година, на барање на Германија, откако ги оквалификува нацистичките гасни комори како „детали од историјата на Втората светска војна" за време на еден говор во Минхен.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби
-

МВР: Лицето кое го влечат на снимката од Битола не е 39-годишникот пронајден мртов пред болницата
-

За една година поднесени 1.883 барања за ин–витро на товар на државата
-

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
