Европскиот првак „бронзен“ на Супер глоуб

Ракометарите на Вардар го освоија третото место на неофицијалното светско клупско првенство, наречено ИХФ Супер Глоуб. Во борбата за бронзениот медал, европските шампиони го победија домашниот Ал Вахда 30-26 (16-16). Покрај бронзата вардарци освоија и парична награда од 150.000 долари.
Десет минути ангажирана игра и инспирираниот голман Калифа Гебдан му беа доволни на Вардар да ја обезбеди третата позиција на овој турнир. Откако во првиот дел екипите беа израмнети, а Ал Вахда неколку пати имаа предност од два гола, работите си дојдоа на свое место во второто полувреме.
Гебдан во првите десет минути од второто полувреме забележа четири од своите 13 интервенции, а неговите соиграчи тоа го искористија и создадоа предност од четири гола.
До 52 минута Вардар ја одржуваше предноста од два-три гола, а во финишот со неколку убави акции играчите на европскиот првак стигнаа и до очекувата победа.
Чупиќ со седум и Криштопанс со шест гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај Ал Вехда се истакна голманот Ал Салем со 12 одбрани и Махди со девет гола.
На ИХФ Супер Глоуб за првото место попладнево ќе се борат Барселона и Кил.
Ново на Сител
-

Сончево и студено
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
