-->
-->
Европскиот првак го „прегази“ Мотор
-->
Европскиот првак Вардар се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите откако попладнево убедливо со 38-28 го совлада украинскиот Мотор од Запорожје.
Црвено-црните добро го започнаа натпреварот и набрзина дојдоа до предност од 4-5 гола што и ја заокружија на крајот од првиот дел со резултат 16-11.
Добрата игра на Вардар продолжи и во второто полувреме па во последните 10 минути на семафорот стоеше двоцифрена предност.
Одличен натпревар одигра Сташ Скубе со осум гола додека Чупиќ имаше шест, а Дибиров и Горбок запишаа по пет гола.
Во следната рунда „црвено-црните“ ќе гостуваат кај Порто (22 февруари), додека групната фаза се затвора на домашен терен против Монпелје (29 февруари).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива