Еврото зајакна во однос на конкурентските валути
Вредноста на швајцарскиот франк се намали на едногодишниот минимум во однос на еврото, откако некои инвеститори почнаа со продажба на швајцарската валута.

Имено, франкот падна за 0,6 отсто на 1,1154 франци за евро, што е најниско ниво од февруари 2016 година. Во однос на доларот пак, падот на франкот изнесува 0,7 отсто, на 0,958 франци за еден долар.
Еврото овој месец забележа раст и во однос на јапонскиот јен за шест отсто.
Доларот е „во слободен пад“ во однос на другите позначајни валути, па вчера се најде на најниско ниво, по објавата на соопштението за монетарната политика од јулкската седница на Управата за федерални резерви (Фед). Во него се вели дека „за релативно брзо време“ ќе преземат мерки за урамнотежување на состојбата. Тоа се разликува од претходното соопштение, во кое се велеше дека годинава „ќе следи намалување на позициите во обрзниците што ги поседуваат“.
Индексот на доларот кој ги следи промените во однос на шест други валути во светот, бележи пад за 0,35 проценти на 93,681 поени. Тоа е малку повеќе од 13-месечниот минимум забележан завчера.
Еврото се стабилизираше на 1,1642 долари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
