-->
-->
Ф-1: Триумф на Розберг на „Ерманос Родригез“
-->

Возачот на Мерцедес Нико Розберг победи на 17-та трка во првенството на Формула 1, Големата награда на Мексико. Германецот на премиерната трка на патеката „Ерманос Родригес“ во Мексико Сити, стигна до четвртата сезонска победа, вкупно 11-та во кариерата.
Второто место му припадна на тимскиот колега на Розберг, Луис Хамилтон, кој минатата недела во Остон, САД, ја одбрани титулата светски првак. На победничкиот пиедестал на возачите на Мерцедес им се приклучи Валтери Ботас од Вилијамс.
Големата награда на Мексико не пружи никакви возбудувања, Розберг кој стартуваше од пол позицијата, водеше од почетокот до крајот на трката. Хамилтон го следеше во чекор но ниту еднаш не дојде во позција да го нападне Германецот.
Ботас кој стигна трет на целта успеа да го надмудри двоецот на Ред Бул, Данил Квјат и Даниел Рикардо, но и да излезе како победник од инцидентот со сонародникот Кими Раиконен.
Ботас успеа да му се ‘одмазди’ на Раиконен, од кого беше исфрлен од патеката во финишот на трката во Сочи.
Лошиот викенд на Ферари го надополни Себастијан Фетел, кој на стратот имаше контакт со Рикардо, но иако успеа да стигне до 11-то место направи серија грешки, а по една таква моаше да ја заврши трката.
Покрај најдобрите тројца бодови во МЕксико освоија уште Кјват и Рикардо од Ред Бул, Маса од Вилијамс, пилотите на Форс Индија Нико Хилкенберг и Серхио Перез, односно Макс Ферстапен (Торо Росо) и Рома Грожан (Лотус).
Првенството во Формула 1 ќе продолжи ма 15.ноември кога на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло ќе се вози Големата награда на Бразил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
