Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“

Новата патека во Мадрид чија изградба е во тек за натпреварувањата во Формула 1 ќе го носи името „Мадринг“, објавија денеска организаторите на трката.
Мадрид следната година прв пат треба да биде домаќин на Големата награда на Шпанија и да остане дел од календарот најмалку до 2035 година.
Должината на „Мадринг“ изнесува 5,4 километри, а патеката се наоѓа на периферијата на шпанската престолнина во близина на градскиот аеродром „Барахас“.
Во нејзината изградба, која сè уште е во тек, се користени делници од постоечките патишта, но има и многу новоизградени делници. Патеката ќе има вкупно 22 свиоци.
Трката во Мадрид ќе ја замени Големата награда на Барселона, која е дел од календарот на Формула 1 од 1991 година.
Шпанската престолнина последен пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 1981 година на патеката Харама.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
