Фахла: Вакцините и прележаниот Ковид-19 придонесуваат за поблаги заболувања од Омикрон во Јужна Африка
Јужноафриканскиот министер за здравство, Џо Фахла, денеска изјави дека владата верува дека вакцините и претходното прележување на Ковид-19 придонесуваат за поблагите заболувања од сојот омикрон.
Претходните извештаи покажуваат дека сојот омикрон, што го почна четвртиот бран на инфекции во кој оваа земја неделава потврди за рекорден број нови случаи, предизвикуваат поблаги заболувања од претходните соеви во Јужна Африка.
Но, научниците предупредуваат дека е прерано да се извлечат цврсти заклучоци.
-Веруваме дека омикронот не е нужно помалку опасен, но (…) покриеноста со вакцинација и природниот имунитет на луѓето кои веќе биле во контакт со вирусот придонесуваат за заштита, рече министерот за здравство Џо Фахла на прес-конференција. „Затоа и гледаме поблаги заболувања“, кажа тој.
Јужна Африка вакцинираше 44 отсто од возрасната популација со најмалку една доза од вакцината против Ковид-19, повеќе од другите африкански земји, но целта на владата за масовна вакцинација во оваа година не е исполнета. Сепак, повеќе од 60 отсто од жителите постари од 50 години се вакцинирани.
Мишел Грум од Јужноафриканскиот институт за заразни болести на истата прес-конференција кажа дека бројот на хоспитализирани и смртни случаи од Ковид-19 е благо зголемен.
-Има мало зголемување на смртните случаи на национално ниво, но повторно е многу помало дури и од тоа што го видовме меѓу вториот и третиот бран, рече Грум.
Фахла додаде дека првите податоци покажуваат дека инфекциите го достигнале својот врв во најнаселената провинција Гаутенг.
Ново на Сител
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа
-
Перински: Јавниот повик за општините веднаш по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра
-
Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје