Loading Video...
Свет
8. July 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Францускиот претседател Емануел Макрон мора да го признае поразот на парламентарните избори, каде што левичарската алијанса Нов народен фронт освои најмногу места иако не успеа да постигне апсолутно мнозинство, порача  Жан Лук Меланшон, шеф на Нов Народен  фронт.

Според политички експерти, Макрон чија колацијата Заедно , заврши на второто место, веројатно ќе ги истражи сите опции пред евентуално да  им даде мандат на победниците да именуваат нов премиер. Една од опциите е да се обиде да го подели левичарскиот сојуз, кој се здружи  само откако Макрон ги распиша предвремените избори. Левичарската алијанса ги обединува во еден табор претходно длабоко поделените социјалисти, зелените, комунистите и тврдокорната левичарска  Франција непоколнета..

Друга опција според ананалитичарите  би била „експертска влада“ која не е поврзана со политички партии. Сепак, неа ќе треба да ја одобри мнозинството во Националното собрание.
 На трето место заврши крајната десницата, иако на предизборните акнекти беше фаворит.  Макрон  утрово одби да ја прифати оставката на премиерот Габриел Атал, партиски колега. Претседателот има голем самит на НАТО во САД утре вечер, што значи дека тој навистина немаше простор да донесе брза одлука за тоа кој треба да ја води владата. Атал ќе остане премиер „до понатамошно известување е наведено во сооопштенеиот од кабинетот на Макрон.

Освен од Русија и Украина, крајот на војната зависи од САД, ЕУ и Кина. Ова е причината зошто дојдов да се сретнам со претседателот Кси Џинпинг во Пекинг истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан. На состанокот со Орбан, ,Џинпинг ги повика светските сили да им помогнат на Русија и Украина да го обноват директниот дијалог.  

По средбата со кинескиот претседател, унагрскиот премиер на социјалната мрежа Инстаграм објави дека  Вашингтон е четртата станица на неговата како што ја нарече мировна мисија за Украина. Мисијата ја  почна на 2 јули ден откако Унгарија го презеде  шестмесечно претседавње со ЕУ, која се сретна со Злеенски во Киев.

Потоа Орбан се сретна Путин во Москва, што предизвика критики  од многу земји членки на ЕУ и од ЕВопската комисија. Унгарија и унгарската влада ќе направат се за да помогнат да се стави крај на војната во соседството, возврати шефот на унграската диплоамтија.

Сијарто преку социјалните мрежи порача Мировната мисија продолжува, па дури и се интензивира, затоа барам од европските провоени политичари да ги врзат појасите и внимателно да ги следат настаните од следната недела. Европа е полна со провоени политичари кои излегоа оваа недела и зборуваа и ја критикуваа унгарската влада и унгарскиот премиер бидејќи тие работат на мир и преговараат за можноста за мир, додава Сијарто. 

Најмалку 20 лица загинаа, 50 се ранети во „масовен“ руски ракетен напад врз главниот град и други градови во Украина а беа  погодени  станбени згради  и детска болница“ соопшти Министерството за внатрешни работи во Киев. Руското Министерство за одбрана посочи  дека руските сили  деенска извршиле напад со оружје од долг дострел врз објектите на украинската воена индустрија а не врз цивилни објкети, како што тврди Киев.