Фајон: Поместувањето на границите е дестабилизирачки фактор за регионот
Претставничката на Социјалдемократите во Европскиот парламент Тања Фијон за време на дебатата за Србија предупреди дека не е сменета состојбата со медиумите, на неприлагодена политика на визната либерализација, како и на евентуална дестабилизација на регионот во случај на промена на границата, како дел од договорот помеѓу Белград и Приштина.
Таа, за време на дебатата за поднесените амандмани за нацрт извештајот за Србија во Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент, нагласи дека најзначаен компромисен амандман е тој што се однесува на Дијалогот Белград - Приштина и можноста за промена на границите.
- Знам дека е чувствително прашање и дека целта беше да имаме ист текст за двете страни во процесот. Од искуството на Словенија можам да кажам дека секое поместување на границите би го дестабилизирало регионот и тоа е нешто што мораме да го избегнеме, посочи Фајон.
Таа како важни амандмани во нацрт извештајот за Србија на Дејвид Мекалистер ги наведе тие што се однесуваат на слобода на медиумите, состојбата на ромското насление и расветлување на убиството на Оливер Ивановиќ.
- Секоја година повторуваме дека ситуацијата во областа на медиумите не е подобрена и мораме да продолжиме да го критикуваме тоа што се случува во медиумите, потенцира Фајон.
Таа ја предупреди Србија дека ако не ја прилагоди својата визна либерализација кон Иран до крајот на октомври би можела да добие негативен извештај за визната либерализација до крајот на годината.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра