„Фајзер“ почна испитување на вакцина против омикрон
Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ почнаа клиничко испитување на вакцина против сојот омикрон на коронавирусот.
Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а во испитувањето се вклучени повеќе од 1.400 луѓе.
– Иако постоечките истражувања и податоци покажуваат дека засилувачките дози на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од појава на тешки форми на болест и хоспитализација, ја препознавме потребата од нова вакцина во случај оваа заштита да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогнеме во решавање на проблеми предизвика ни од омикрон или можни нови соеви во иднина, се наведува во соопштението на виш потпретседател на компанијата „Фајзер“ и раководител на одделот за истражување и развој на вакцини.
Вакцината специјално направена против сојот омикрон ќе се дава во доза од 30 микрограми, исто како и сегашната вакцина.
Ново на Сител
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
