Свет
6. October 2023 - 14:29

ФАО: Светските цени на храната стабилни во септември

Светските цени на храната не се променија значително во септември во однос на август, а растот на цените на пченката и шеќерот делумно е неутрализиран со падот на цените на растителното масло, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Светскиот индекс на цените на храната во септември изнесуваше 121,5 поени, додека во август беше на ниво од 121,4 поени.

Цените на храната се за 10,7 отсто пониски отколку во септември 2022 година и 24 отсто пониски во однос на историскиот максимум во март минатата година.