Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни

Многумина чуваат и користат витамини во додатоци во исхраната, заради разни здравствени придобивки - од подобар сон и поздрава коса до регулирање на варењето на храната. Сепак, фармацевтката Роџина Шамс Натери од Лондон, Велика Британија, предупредува на честа грешка што може да направи повеќе штета отколку корист, објави хрватски „Индекс“ (Index).
Имено, лекарката од „Лабораторијата Розвеј“ (Roseway Labs) објасни дека многу луѓе, во желбата да го зајакнат имунитетот, несвесно комбинираат повеќе производи со исти состојки, како што се цинкот и додатоци со витамините Ц и Б, со што ризикуваат „предозирање“. Според неа, додатоците не се безопасни.
- Меѓу најчестите грешки што ги гледам е комбинирањето зимски додатоци што содржат исти состојки. Можеби земате мултивитамин - средство за зајакнување на имунитетот и дополнителен цинк или витамин Ц и одеднаш, без да знаете, сте го зголемиле вносот за трипати. Некои претпоставуваат дека високите дози на витамини се безопасни, но тоа не е вистина. Иако се продаваат без рецепт, витамините не треба да се земаат без претпазливост, нагласува Натери.
Како пример, таа го наведе цинкот, којшто е корисен за имунитетот, но земањето повеќе од 9,5 милиграми дневно за мажи и над седум милиграми за жени може да го ослабне имунитетот. Слично на тоа, земањето повеќе од 100 микрограми витамин Д може да ги зголеми нивоата на калциум во крвта до опасно ниво.
- Витаминот А се складира во телото, па ако надминете 1,5 мг, тоа може да предизвика оштетување на црниот дроб со текот на времето. За витаминот Ц, пак, препорачаниот дневен внос во Велика Британија е 40 милиграми, а кога е во повисоки дози, телото има сѐ помала полза. Откако ќе надминете 200 мг дневно, телото самото го излачува вишокот витамин Ц, појасни докторката.
Предупредува и дека таквите додатоци може да ја попречат благотворноста на лек на рецепт.
- Калциумот, магнезиумот, железото и високите дози витамин Ц може да ја намалат апсорпцијата на антибиотици, лекови за тироидна жлезда и некои лекови за висок крвен притисок. Доколку земате лекови на рецепт, дури и краткорочни, секогаш проверете кај Вашиот лекар или фармацевт пред да земете додатоци во исхраната, подвлече фармацевтката.
Во текот на зимата, земањето витамин Д е разумно за повеќето возрасни.
- Омега-3 масните киселини со ЕПА и ДХА го поддржуваат здравјето на мозокот и срцето, а магнезиумот може да помогне при проблеми со спиењето и мускулна напнатост. Но, додатоците во исхраната треба да го поддржуваат здравјето, а не да го заменат квалитетниот сон, балансираната исхрана и медицинскиот совет. Ако не сте сигурни, прашајте го Вашиот фармацевт, советува таа.
Ова може да помогне да избегнете повеќе штета по Вашето здравје, вели, наместо да имате корист.
МИА
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
