Фатен крадец во куќа во Тетово

Четириесет и осум годишниот А.А. од Скопје вчера околу 11 часот бил фатен од сопствениците, татко и син , на куќа на улицата „Ленин“ во Тетово откако оттаму одзел неколку кутии со разновиден златен накит, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- По кусото задржување А.А. бил предаден во КПУ „Идризово“ во Скопје каде издржувал повеќегодишна затворска казна и од каде пред извесно време бил пуштен на викенд меѓутоа не се вратил, изјави Јосифовски.
Според полициските податоци, А.А. бил фатен откако влегол во куќата од С.М (63) од Тетово низ незаклучената врата и од спалната соба на катот која целосно ја пребарал одзел неколку кутии со разновиден златен накит по што се искачил во подпокривот, најверојатно да се сокрие, бидејќи во меѓувреме се вратил еден од членовите на семејството. Многу брзо тој бил забележан од синот на сопственикот на куќата кој заедно со татко му го фатиле А.А. и му ги одзеле кутиите со накит, а потоа го пријавиле случајот во Полициската станица Тетово посочи Јосифовски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
