ФБИ: Причина за пандемијата на Ковид -19 веројатно е инцидент во кинеска лабораторија
Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан.
-ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за Фокс Њуз.
Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на „Волстрит џурнал“, според кој американското Министерство за енергетика со мала сигурност проценило дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија.
Некои агенции веруваат дека пандемијата е веројатно резултат на природен пренос, додека други се неодлучни, наведе весникот.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, пред два дена кажа дека американската Влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.
Кинеското Министерство за надворешни работи цитираше извештај на Светската здравствена организација и Кина, кој укажува на природното потекло на пандемијата, а не на истекување на вирус од лабораторија.
Вреј кажа и дека не може да сподели многу детали за проценката на агенцијата бидејќи се работи за доверливи информации.
Тој ја обвини кинеската Влада дека „прави се што може за да се обиде да ги попречи и замагли“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито