-->
-->
Федерер елиминиран во четвртфиналето на Вимблдон
-->
Роџер Федерер, освојувач на 20 Гренд слем титули, беше поразен од Хуберт Хуркач во четвртфиналето на Вимблдон – 6:3, 7:6 (4), 6:0. Швајцарецот беше фаворит против младиот Полјак, но играше многу лошо и беше запрен во потрагата по нова титула во Лондон.
Федерер, кој наскоро ќе наполни 40 години, дојде на „Вимблдон“ со големи амбиции, а игрите против Ричард Гаске, а потоа и Лоренцо Сонего беа охрабрувачки, како за него, така и за многу фанови.
Сепак, Роџер налета на „тврд орев“ во четвртфиналето, Хуберт Хуркач одигра многу добар натпревар и го испрати Швајцарецот дома.
Федерер не успеа да освои ниту еден сет, и не само тоа – го загуби третиот со нула (6 0).
Полјакот го очекува дуел со подобриот играч од мечот Матео Беретини – Феликс Ожие-Алиасим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата