Фејсбук ќе ги обележува лажните информации и спиновите

Фејсбук најави дека во блиска иднина ќе почне да ги маркира лажните вести, кои се споделуваат на социјалните мрежи.
Вестите за кои има сомнеж или индиции дека се лажни, а имаат за цел ширење дезинформации, ќе бидат обележани со посебно знаменце, стои во објавата на компанијата.
Имено, ако под насловот забележите ознака „оспорена вест“, ќе можете преку еден клик да дознаете и зошто веста е оспорена. Фејсбук нема да врши проверка на вестите, туку за тоа ќе биде задолжена меѓународната новинска организација „Поинтер“.
- Ќе ги користиме известувањата на нашата заедница и заедно со другите показатели, ќе ги препраќаме до оваа организација. Ако се утврди дека информацијата е лажна, таа ќе биде означена како „оспорена“ и ќе биде придружена со линк до објаснувањето, се наведува во соопштението.
Тоа значи дека корисниците и натаму ќе ја имаат слободата и правото на Фејсбук да објавуваат непроверени информации, но тие сега ќе бидат обележани.
Ново на Сител
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
