Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола

Фестивалот „Илинденски денови“ во своето долгогодишно континуирано постоење се дефинира како светски реномирана сцена каде што се реставрираат и презентираат народните ора, песни, обичаи, инструменти и носии.
Ова го истакна пратеникот Васко Ковачевски, кој во име на покровителот, Собранието на Република Македонија, синоќа во Битола го прогласи за отворен Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Фестивалот, посочи тој, стана своевиден мост кој ги поврзува многувековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурната разновидност, а со својата интернационализација и универзални вредности стана место за поврзување на вљубениците во народната култура во целиот свет.
- Фестивалот „Илинденски денови“ е местото каде што се негува и продолжува традицијата, место каде што се дружат народните уметници, место каде што почнуваат нови пријателства, место од каде што секоја година преку музика и игра се испраќа порака за културен натпревар, мир и соработка, нагласи Ковачевски.
Годинава на фестивалот учествуваат над 1.000 членови на културно уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од државата и странство кои на четирите фестивалски вечери ќе ја претстават својата традиционална музика и игра.
- Програмскиот концепт кој што ви го нудиме оваа година е еден прекрасен мозаик на сценски презентации на традиционални вредности, проекти од едукативната, изложбената и издавачката дејност, стручни советувања, дискусии, но и дружења, соработка и вистинско уживање во орото, песната и играта, посочи Зоран Димовски, в.д. директор на НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот во овој град.
Фестивалот продолжува вечер, а ќе заврши на 1 август со интернационална програмска вечер во античкиот театар на Хераклеја Линкестис.
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
