Фестивал на староградска песна во Струмица

Шест хорови и оркестри од повеќе градови од Македонија настапија на осмиот Фестивал на староградска песна и серенада „Под кулите на Струмица“. Организатор на манифестацијата е НУЦК „Антон Панов“ од Струмица.
- Во Струмица староградската песна се раѓа по Втората светска војна, со создавањето на првите групи и тајфи. Тематиката во овие песни секогаш е поврзана со љубовта, семејството, традицијата. Овие нумери се изведувале на седенки, игранки, по сокаците и на сите места каде што се собирале млади луѓе, изјави Елисавета Василева, проект-менаџер на Фестивалот и диригент на групата „Распеани струмичани“.
Василева објасни дека од музичките инструменти кои ја збогатуваат изведбата на староградскиот мелос застапени се гитарата, контрабасот, флејтата, хармониката, виолината, а од народните инструменти кавал, примче, кемане, во зависност од кој дел од државата е ансамблот.
Публиката уживаше во концеротот на кој слушна дваесет рефрени, а специјален гостин беше струмичкиот интерпретатор Горан Кукиќ.
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
