Фестивал „Златна лира 2016“

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе се одржи Фестивалот на музички уметници на Македонија „Златна лира 2016“.
Со дела од Хендл – Халворсен, Ј.С.Бах, Ежен Исаи, Макс Регер, Петер Христосков, Александро Рола на фестивалот ќе настапат Евгенија Марија Попова на виолина и Димитар Пенков на виола, двајцата од Бугарија.
Евгенија – Марија Попова го стекнала првото музичко образование кај проф. Петар Христосков. Добивајќи стипендија, стапува во класата на легендарниот виолинист Леонид Коган на Московскиот конзерваториум „Чајковски“. После дипломирањето со посебна почест во 1981 година продолжува да се усовршува на „Guildhall School“ во Лондон. Во тој период таа освојува високи награди на меѓународните виолинистички натпревари како што се „Карл Флеш“, „Жак Тибо“ и др.
Попова интензивно концертира на престижни концертни подиуми ширум светот. Таа е редовен професор на Државниот музички конзерваториум во Софија и визитинг професор на Универзитетот од Сао Пало во Бразил. Свири на виолината „G.Cappa" од 1691 год. која е сопственост на Бугарија и која и е доделена во 1985 год. како признание за нејзините врвни достигнувања.
Димитар Пенков дипломирал на Државниот музички конзерваториум. Се усовршува на Државната музичка академија во Лондон, во класата на проф. Јифра Ниман (Yfrah Neaman). Од 1977 до 1983 год. успешно делува како солист на Националната концертна агенција во Софија.
Концертира со најпознатите оркестри во Бугарија како на пример Софиската филхармонија, Бугарскиот Национален радио симфониски оркестар, Бугарскиот камерен оркестар, Филхармонијата од Русе и други. Делува како член на Тилев – квартетот во рамки на Бугарското национално радио. Во 1983 година емигрира во Германија каде продолжува неговата концертна кариера. Настапува како солист со познати диригенти. Реализирал голем број на музички записи за радио куќите во Париз, Софија, Цирих и Москва, како и голем број носачи на звук за издавачи.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
