Фестивалот АКТО со иницијатива за ревитализација на Офицерскиот дом во Битола

Во фокусот на 12. издание на фестивалот за современи уметности АКТО кој утре и в сабота ќе се одржува во Битола е иницијативата за ревитализирање на еден од најзначајните културни споменици во градот – Офицерскиот дом.
На денешната прес-конференција во Битола, организаторите, исто така најавија дека в сабота ќе организираат јавната дебата, под мотото „Каков Офицерски дом ни треба?“, која ќе се одржи во дворот на Офицерскиот дом, а на која покрај министерот за култура Роберт Алаѓозовски, ќе присуствуваат и пратеници, претставници од локалната самоуправа, експерти за културно наследство, како и повеќе организации и индивидуалци од Битола кои низ годините се залагале за одбрана и враќање на Офицерскиот дом во функција на јавно добро.
- Овој културен белег на градот со вековна традиција, долго време е оставен на немилоста на времето, затворен за граѓаните и без соодветен третман од надлежните институции. Токму затоа, акцентот на активностите на фестивалот АКТО ќе биде ставен врз реактуелизирање на темата за потребата од заживување на Офицерскиот дом во Битола и негово враќање во функција на културата и граѓаните, посочија организаторите на АКТО.
Покрај дебатата за Офицерскиот дом, фестивалот за современи уметности АКТО ќе понуди разновидна програма која вклучува многу изложби, работилници за музичари, програма за деца, перформанси, концерти и DJ настапи, кои ќе се одржат на неколку локации во Битола и тоа во дворот на Офицерскиот дом, во мезе – бар „Јагода“, Магаза, Задруга Артикултура и кафе бар „Радост.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
