-->
-->
Фетел до пол-позиција во Сунгапур
-->

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка во Ф1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Сингапур.
Германецот во денешните квалификации на патеката „Марина беј“ стигна до својата прва пол позиција како пилот на Ферари. Со тоа, Фетел ја прекина доминацијата на возачите на Мерцедес во досегашните квалификации, во кои Хамилтон 11-пати остваруваше пол-позиција, а еднаш најбрз во квалификациите беше Нико Розберг.
До фетел од првиот ред трката ќе ја започне возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.
Тимските колеги на Фетел и Рикардо, Кими Раиконен и Данил Квјат го формираа вториот ред на стартот, а зад нив од третиот ред ќе стартуваат Луис Хамилтон и Нико Розберг. возачите на Мерцедес.
Трката за Големата награда на Сингапур инаку 13-та сезонава во Ф1 првенство ќе се вози утре (недела) од 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе
-

Европа со највисока стапка на пушење во светот - Балканот предводи со двојно повисоки бројки од западноевропските земји
-

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна
-

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар
-

Трамп: Куба е на „раб на пропаст“
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Драмата во Малме меѓу Шведска и Унгарија со нерешен резултат
-

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати
