-->
-->
ФФМ го одреди терминот за летниот преоден рок
-->
Летниот преодниот рок во мак-фудбалот ќе се случи во периодот од 15 јуни до 31 август 2020 година, објавија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Откако минатата седмица ФФМ донесе одлука прекинатата сезона и дефинитивно да не се доигра, а сите сега се во исчекување на одлуката на УО, дали ќе биде прогласен шампион или не, денеска од „куќата на фудбалот“ пристигна информацијата за претстојниот период во кој клубовите ќе можат да прават трансфери на играчи за следната натпреварувачка сезона.
Во објавата на ФФМ пишува:
„Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите засегнати страни дека согласно одлуката на Управниот одбор за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и ПМФЛ, летниот преоден рок почнува на 15 јуни и ќе трае до 31 август 2020 година“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости