ФФМ си ја призна грешката: Вината за промената на дресот ја преземаме врз себе

Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ вечерва во гостување во Тема на денот на Сител телевизија одговарајќи на прашање во врска со бојата на новите дресови изјави дека ФФМ ја признава грешката и дека направиле несреќен избор.
- Најпрвин ние сакавме преку симболот балкански рис, нашиот национален симбол да ја истакнеме острината, јачината, карактеристиките на нашиот национален симбол преку македонската фудбалска репрезантација. Во однос на бојата сведоци сме дека и многу други репрезантации имаат варијации на својата боја. Меѓутоа ние ја признавме грешката. ФФМ направи најверојатно несреќен избор и таа вина ја преземаме врз себе и врз службите во Федерацијата како што напомена во соопштението и самиот Сејдини. Да не заборавиме дека ракометната репрезентација на Македонија играше во црна боја на Светското првенство во Египет на почетокот на оваа година. Веројатно силината на фудбалот е до тој степен поинаква за да се реагира на тој начин. На крајот на денот се обидуваме да го промениме тоа на начин на кој што велат навивачите и поддржувачите затоа што тие се најбитни, тие го носат и чувствуваат македонскиот дрес, рече Андоновски.
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
