Фицо: Европската унија е несфатлива
Во иднина ќе има почесто поделби во Европската унија (ЕУ) отколку продлабочување на интеграцијата и соработката.
Ова денеска, во својот говор за време на дебатата на премиерите на земјите на Вишеградската група (В4) на конференцијата Европски Самит, кој се одржува од 6-8 јуни во Прага, го изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, јави дописникот на МИА.
Фицо, чија влада во почетокот на јули го презема претседателството со ЕУ, предупреди пред порастот на ,,анти-унијните политички партии и ,,будали" на високите политички позиции".
- Да не дозволиме да се измамиме, да не велиме дека постојат две еднакви можности - подлабока фрагментација или подлабока интеграција, додаде Фицо.
Според него првата варијанта има многу подобри услови отколку опцијата за подлабока соработка и интеграција.
Тој оцени дека ЕУ не го знае одговорот како да се брани против тој тренд и оцени дека унијата користи ,,јазик кој е неразбирлив за граѓаните и се занимава со прашања кои не ги интересираат".
- Тоа што се случува во земјите од Централна и Источна Европа и од цела Европа, го бара нашето внимание. Како е можно тоа дека често полубудали и будали настапуваат на значајни политички позиции, рече Фицо.
Токму од овие причини, Фицо подвлече дека приоритет на Словачкото претседателство ќе биде враќање на довербата на граѓаните во Европската унија и употребата на поедноставен јазик.
Словачка, исто така сака да се посвети на зајакнување на економијата на Унијата и обезбедување на енергетската безбедност. Третиот приоритет ќе биде одржлива и реална мигрантска политика и политика на азил.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет