ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора.
Паралелно со ова, Фудбалската федерација на Албанија ќе треба да плати и парична казна во износ од 20.000 швајцарски франци.
Албанските навивачи за време на натпреварот против Андора „истакнале невкусни пораки со навредлива содржина против Србија и организацијата на Европското првенство за млади во 2027 година“, кое Србија и Албанија заедно ќе го организираат, пренесуваат денеска српските медиуми.
Натпреварот меѓу репрезентациите на Албанија и Србија, во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, е закажан за 7 јуни во Тирана.
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
