Филипче: Да се дозволат свадби со протоколи
Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и се уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“.
Ако и понатаму продолжат да се намалуваат бројките на заразени со коронавирусот, Филипче смета дека тоа е разумно и има логика да се имплементира од почетокот на јуни, но, како што рече, не може да тврди дека ќе биде така бидејќи за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.
Според Филипче, сите други протоколи во однос на организација на настани се многу соодветни и треба да продолжат и понатаму да се спроведуваат.
Тој изрази надеж дека бројките ќе продолжат да се намалуваат и оти потоа ќе може да се размислува и зборува за олабавување на мерките. Посочи дека треба да продолжи и понатаму одржувањето на настани со 30 отсто исполнетост на капацитетот во затворени услови или 50 отсто надвор.
Ново на Сител
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
-

1,4 милиони евра за обнова на Исарот во Штип
