Филипче: Децата се трансмитери но родителите се заштитени ако се вакцинирани
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека децата се трансмитери на вирусот, но возрасните се заштитени доколку се вакцинирани.
- Сакаме да донесеме одлука врз основа на аргументи и тоа е суштината. Сакаме да видиме и да се потврди за каква специфична епидемиолошка ситуација по региони станува збор заради тоа што сега вакцинацијата ја менува ситуацијата. Знаеме дека децата се трансмитери но родителите се заштитени ако се вакцинирани и оттука ќе ги донесеме заклучоците за евентуални нови препораки, изјави Филипче.
Министерот за здравство додава дека над 90 проценти од починатите биле невакцинирани.
- Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодигајностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Корона вирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани, вели Филипче.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
