Филипче: ДНК анализите ќе покажат дали меѓу загинатите има и роднини на пациентите
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека ќе се испитува како функционирале посетите во Ковид центарот во Тетово, кои инаку се забранети. Рече дека засега не се знае дали меѓу загинатите има и роднини на пацинетите.
- За тоа како функционирало ова ќе направиме истрага. Според информациите кои ги имаме во моментот на пожарот во болницата имало две лица на посета. Во однос на тоа дали меѓу загинатите има роднини на пациентите, тука има шпекулации и затоа ќе се прави ДНК анализа. Би сакал во овој дел да бидеме многу прецизни. Ние во секој момент обезбедуваме кадар. За тоа дали роднини на пациентите биле таму за да им помагаат на своите блиски, ќе покаже истрагата. А, од мое лично искуство знам дека е тешко да се изменаџираат посетите кога имате некој близок во болница. Посетите во Ковид центрите се апсолутно забранети, а за тоа што се случувало ќе видиме од наодот. Ќе инсистирам на точна проверка на целата ситуација, рече Филипче.
Ново на Сител
-
ГЕРБ победи, но е далеку до 121 пратеник за формирање влада во Бугарија
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег
-
Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: По направена грешка, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно
-
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу мигрантите да има борци од Хамас