Филипче: Можни се рестрикции за невакцинираните граѓани
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека се размислува за евентуално воведување рестрикции од наесен за невакцинираните граѓани.
„Нашите анализи покажуваат дека здравствениот персонал е вакциниран во висок процент. И ги чекаме анализите од опфатот на вакинација во градинките и училиштата. Свесни дека можеби и покрај тоа се што правиме нема да се зголеми интересот, затоа размисуваме за некаква форма на рестрикција. Не може да биде вакцинација задолжителна, за жал. Никаде во светот не е. И затоа мораме да размислуваме и за некои други алтернативни решенија – да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на затворено дали на отворено, дали во кина или културни настани само со таков сертификат и можно е тоа да го препорачаме од есенските месеци за да го зголемиме опфатот“, рече Филипче.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
