Филипче: Национална стратегија за ретки болести 2020 – 2030, воведовме пет нови лекови за пациентите со ретки болести
![]()
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска присуствуваше на промоција на Националната стратегија за ретки болести на Република Македонија 2020-2030, што се одржа во канцеларијата на Претседателот на државата, Младихаб.
Национална Стратегија за ретки болести, информираше тој, е изработена со Фондот за здравствено осигурување, МАЛМЕД, Министерството за труд и социјална политика, граѓанските организации и со пациентите со ретки болести.
![]()
Станува збор за 10-годишен документ, што ќе биде даден на усвојување од страна на Владата и ќе стане стратешки документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести.
Покрај обезбедување терапија за пациентите преку Програмата за ретки болести, посочи Филипче, оваа стратегија дополнително ќе овозможи унапредување на законодавството според европските регулативи за оваа категорија пациенти, за орфан лекови, но и за унапредување на знаењата на медицинскиот персонал во нашата држава, како и соработка со меѓународни центри на експертиза за ретки болести.
![]()
Во изминатите две години, беше истакнато, воведени се пет нови лекови за пациентите со ретки болести, меѓу кои: лек за спинална мускулна атрофија, за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше, како и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза.
– Воспоставивме електронски регистар за пациентите со ретки болести, кој ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува, рече министерот за здравство Филипче.
![]()
Во 2020 година, буџетот за ретки болести предвидено е да изнесува 527 милиони денари, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2017 година кога буџетот за оваа намена изнесуваше 214 милиони денари.
Ново на Сител
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
