Филипче: Навремено ќе имаме пристап до вакцините за Ковид-19 тогаш кога ќе бидат достапни
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во интервјуто за телевизија Клан истакна дека набавката за вакцината против ковид-19 ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација.
„Ковакс механизмот е механизам на СЗО којшто ќе обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини согласно популацијата во одредени земји се додека не се достигне 20 проценти од населението да биде вакцинирано. Во однос на активноста на ЕУ, тие потпишаа билатерален договор со компанијата АСТРА ЗЕНИКА за земјите членки на ЕУ и ние добивме писмо со понуда од Полска преку полскиот амбасадор во нашата земја. Сакам да му изразам благодарност дека може да купиме соодветна количина од нивната, предвидена за нивната земја.“, потенцираше министерот Филипче.
Тој изјави дека сѐ уште не се познати ниту количините, ниту каква ќе биде таа распределба по земји. Но, навремено ќе има пристап тогаш кога вакцините ќе бидат достапни.
„20 проценти е нешто што засега се смета дека за разумен процент да се вакцинира населението согласно сегашните сознанија. Во таа група од 20 проценти влегуваат постарите, хронично болните, децата итн. Има ризични групи коишто се први за вакцинирање секако ги следиме и новите сознанија и препораки“, рече министерот Филипче.
Во однос на вакцината против сезонски грип, Филипче посочи дека оваа година ќе бидат обезбедени двојно поголеми количини. Во некои земји се препорачува за поширок дел од населението, со цел да се одбегнат потешки компликации доколку дојде до вкрстување на болеста и со коронавирусот. Вакцина против сезонски грип за лицата над 65 години и за други ризични групи веќе извесно време е бесплатна.
„Оваа година од вообичаената бројка од 28 илјади вакцини, ние набавуваме 40 илјади и плус 20 илјади добиваме преку донација. Значи ќе имаме 60 илјади вакцини, двојно повеќе од тоа што сме имале претходните години. Со оваа вакцина ќе бидат опфатени повеќе ризични групи кои што сметаме дека треба да се вакцинираат, меѓу другото и здравствените работници кои ќе одлучат да ја примат, со оглед на тоа што не е задолжителна вакцина. Дали ќе има вкрстен имунитет со кој оваа вакцина ќе штити и од Ковид-19 тоа не го знаеме со сигурност. Вакцината штити сигурно, со оглед на тоа што е четиривалентна, од претпоставените вируси на сезонски грип или може да се јави сосема лесна форма на болеста, но апсолутно е препорачлива за луѓе кои веќе имаат хронични болести. Освен ризичните групи за кои вакцината за сезонски грип ќе ја добијат бесплатно, ќе има одредени колични и за комерцијална продажба“, рече министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица