Македонија
13. October 2021 - 11:40

Филипче: Не очекувам нов силен бран, очигледно е дека има ефект од вакцинацијата

Не се очекува нов силен бран, четвртиот бран бил многу силен посочи денес министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека најмногу хоспитализации имало во градовите со ниска стапка на вакцинација.

- Во градовите кадешто беше повисок немаше гужви во болниците. А сега, на територијата на целата држава е пораснат опфатот со вакцинацијата. Сметам дека силен бран не би требало да има, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни и да ја пратиме состојбата. Очигледно е дека вакцинацијата го прави своето. Очигледно е дека има ефект од процесот на вакцинација. Тоа е докажано и беше сега во овие градови во коишто болниците воопшто не се преоптеретија. Кавадарци беше еден од тие градови, меѓутоа опфатот со вакцинација таму беше 50-тина проценти тогаш, сега е над 60, рече Филипче, додавајќи дека вакцинираните и да се заразат тоа ќе биде со полесна форма.