Филипче: Очекуваме поголем број на примени од испишани пациенти
Во следните седум дена очекуваме бројот на примени пациенти да биде поголем од бројот на испишани, и затоа овој бран и наплив во болниците треба да се издржи, затоа што има план кој веќе се спроведува. После овој период се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека денеска се правеле проценки и на бројот на пациенти кои во следниот период би биле излекувани.
– Многу е важно состојбата да се држи под контрола и на дневна основа се прават планови, по потреба прераспределба и на пациентите кои се сместени и секако на кадарот. Деновиве сум во интензивен контакт со сите директори на болниците. На дневна основа се прават овие проценки, организација, реорганизација, истакна Филипче.
Посочи дека целиот менаџмент на клиниките и одделенијата е максимално мобилизиран и верува дека успешно ќе одговорат и на овој голем предизвик. Според него, ова е најголемата здравствена криза во нашата земја досега.
– Никогаш не сме се соочиле со ваква здравствена криза. Не е воопшто лесно, но имаме и знаење и капацитет и начин на организација и план што веќе се спроведува за оваа криза да ја надминеме. Досега одлично се менаџираше кризата, го подготвивме системот за ова сценарио и сега го спроведуваме. Барам силна поддршка од граѓаните, од сите чинители во општеството, за здравствените работници. Барам разбирање и трпение кај граѓаните, на кои заради оваа криза им се откажани претходно закажаните прегледи и интервенции и верувам дека ќе се вратиме во нормала брзо и тие повторно ќе имаат пристап кон здравствените услуги, но во овој момент сите сили ги насочуваме за да излеземе од оваа криза, додаде Филипче
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
