Филипче: Препораката за ПЦР тестови за државјаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора е врз основа на епидемиолошката слика
Во најскоро време Владата на седница ќе го разгледува предлогот на Комисијата за заразни болести од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравтво, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Оваа наша одлука и препорака се должи исклучиво врз основа на податоците коишто ги собиравме изминатите денови, а коишто ни ја прикажаа вистинската епидемилошка слика во сите овие земји за која што ние сметаме дека е многу полоша од нашата во овој момент, изјави министерот за здравство кој беше на симулација на безбедно гласање во организација на ДИК.
Оваа мерка, истакна тој, важи само за граѓаните на овие земји заради тоа сега во овој момент има многу поголем број и нашите граѓани може да заболат од коронавирусот.
Доколку тие само транзитираат тогаш можат да ја поминат границата без ПЦР тест.
Одговарајќи на новинарско прашање за денешните бојки на новозаболени, истакна дека сега се прави анализа на останатите категории на пациенти.
-Изминатите неколку дена има еден тренд на многу помалку приеми во болниците, посочувајќи на Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“.
На Инфективната клиника вчера биле примени шест пациенти, осум во болницата „8 Септември“, но има многу повеќе испишани.
-После многу денови во текот на утрово има под сто вкупно хоспитализирани во болницата „8 Септември“. Бројката беше околу 120, 130 две до три недели наназад, сега околу 90. Значи има и добар дел на пациенти што се испишуваат. Се надевам дека овие трендови ќе продолжат и понатаму, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица