Филипче: Расправија со повишен тон причина за оставките на Инфективна
Трите медицински сестри кои поднесоа оставки и заминаа на одмор, поради расправии на повишен тон одлучиле да ја напуштат клиниката.
Ова му го кажале на министерот Филипче на утринската средба. Не планирале да одат да работат во приватни болници, а дали Филипче успеал да ги убеди да останат на Инфективна ќе се знае по завршување на нивниот одмор.
- Работат под стрес, често дежураат, а и трите се најискусните во болницата. Попладне на лице место ќе одам и на Инфективна да разговарам со нивните колеги и раководните лица, изјави Филипче.
Министерот за здравство вели дека медицинските сестри како профил не се деградирани и се вложува и во нив, иако, главната сестра на Инфективна токму деградирањето и непочитувањето го навела како причина за оставката.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
