Филипче: Треба да имаме неселективен пристап без оглед на функциите

Ги осудувам сите случки во кои се зема пари за интервенција. Тоа не е начин да се функционира во било кој систем, па и во нашиот здравствен систем. Секаде има санкции за таквите постапки. Се обидуваме со сите наши мерки да ги стимулираме лекарите, со зголемување на платите, на дежурствата и со таа тенденција и со тие политики ќе продолжиме и во иднина.
Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за оставката на заменик-министерот за здравство Асим Муса, кој денеска на прес-конференција рече дека се повлекува од функцијата, откако во медиумите беше објавена видео снимка на која се гледа како тој наводно прима пари од пациент од Албанија за хируршка интервенција.
– Треба да имаме неселективен пристап без оглед на функциите кои ги имаме. Институциите треба да си преземат санкции доколку сметаат дека за тоа има простор за кого било, додаде Филипче по прес-конференцијата на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
