Филипинската војска уби тројца екстремисти на островот Бохол

Филипинските војници убиле тројца екстремисти поврзани со Исламска држава на островот Бохол во саботата, соопшти денеска портпарлот на војската, полковник Едгард Аревало.
Тој исткакна дека екстремистите биле дел од групата Абу Сајаф и додаде дека двајца или тројца екстремисти се уште се на слобода.
- Имаме извештаи кои наведуваат дека се ранети и дека им снемува залихи, изјави Аревало.
Група од околу десет екстремисти се инфилтрирале на островот Бохол овој месец, а западните земји издадоа предупредување за оние кои планираат да го посетат островот.
Шестмина се убиени во судирите на 11 април, а еден минатата недела.
Меѓу убиените бил и нивниот лидер, кој бил вклучен во киднапирањето и погубувањето на канадски и германски граѓани изминатите неколку месеци, соопшти војската на Филипините.
Војската е во судир со Абу Сајаф, која во почетокот имаше сепаратистички тенденции, а сега се занимава со грабежи и пиратство.
Групат зароби повеќе од 20 лица, од кои повеќето биле виетнамски морепловци, кои се лесна цел за екстремистите, поради малите и брзите чамци, кои ги користат.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
