Филипинскиот претседател бара американските војници да го напуштат јужниот дел на земјата
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска побара американските војници да го напуштат југот на Филипините.
Тој оцени дека САД се одговорни за смртта на илјадници филипински муслимани на југот на земјата, па затоа, според него, Америкаците „секогаш ќе бидат во опасност“ во јужниот регион Минданао, бидејќи локалните муслимански жители „константно ќе се обидуваат да ги убијат или киднапираат“.
Дутерте во својата изјава не посочи конкретен рок за повлекување на американските војници, како ни детали за реализација на ова негово барање.
САД засега не реагираа на барањето на Дутерте.
Односите меѓу Филипините и САД се влошија изминативе неколку недели по навредите кои Дутерте ги упати кон американскиот претседател Барак Обама, откако Белата куќа изрази загриженост поради кршењето на човековите права во оваа источно азиска држава.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат